Во трите престолници на нашите соседи, Грција, Бугарија и Србија, вчера и деновиве се одржуваат протести.

По усвојувањето на новиот закон за регулирање на демонстрациите, во Атина во близина на грчкиот Парламент се одржаа протести кои во текот на вечерта преминаа во насилни.

Протестите ги предводеше комунистичкиот синдикат Пама, а во околните улице се собраа и анархистите.

По кусо време протестите станаа насилни, а демонстрантите почнаа да гаѓаат со камења и разни предмети кон полицијата која потоа со солзавец ги растури демонстрациите.

Фото:АП

Маскирани групи демонстранти напаѓаа и кршеа наоколу, а епилогот од насилните демонстрации во Атина е 6 повредени полицајци и 9 уапсени демонстранти.

Во Белград вчера се случи вистински хаос по улиците откако насилни демонстранти, претежно млади машки лица кои постојано ја провоцираа полицијата гаѓајќи ја со камења и тврди предмети, предизвикаа реакција на полицијата по некулкучасовно трпение.

Фото: република.рс
Фото:новости.рс

Во Софија протестираат приврзаниците на претседателот Радев, а истовремено поддршка на премиерот Борисов со контра протести му даваат неговите симпатизери.

Софија, протести

Демонстрантите и претседателот Радев бараат оставка од премиерот Борисов поради соработка со олигарсите и мафијата, а Радев во обраќањето пред насобраните рече дека нема веќе страв и дека сите се добродојдени на протестот.

Приврзаниците на бугарскиот претседател

Бугарскиот претседател смета дека пандемијата во Бугарија од власта се користи за матни зделки и раскрчмување на националното природно богатство.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *