Претседателот на Кошаркарскиот Сојуз на Бугарија, Георги Глушков, презентираше интересна идеја за формирање на нова регионална лига во која би учествувале екипи од Грција, Бугарија, Србија и Македонија.

Веќе сериозно работиме на тоа, рече Глушков. Треба да го најдеме нашиот пат брзо и да собереме информации. Јас работам на состаноци со други сојузи. Оптималниот рок е 15 јули. Постои можност да се вклучат грчки и српски тимови. Имаме добри односи со тие сојузи, рече Глушков.

Да потсетиме, првичната идеја беше Бугарија и Македонија, односно нивните клубови, да создадат нова регионална лига. Но сега идеата се проширува и со клубови од Србија и Грција. Пред неколку години имаше слична идеа за т.н. Православна балканска лига во фудбал но тој проект не беше реализиран.


Напишете коментар