Фејсбук и Твитер го санкционираа американскиот претседател Доналд Трамп за објавата во која американскиот лидер тврди дека децата се „скоро имуни“ на вирусот корона.

Фејсбук го избриша постот, и видеото во кое Трамп дава интервју за „Фокс њуз“, тврдејќи дека објавата содржи „штетни дезинформации за Ковид-19“, пренесува Би-Би-Си.

Твитер го следеше овој чекор и го блокираше налогот на кампањата на Трамп сè додека не се отстрани тој твит со истото видео.

Американската агенција за јавно здравје потврди дека децата немаат имунитет кон Ковид-19.

Портпаролот на Фејсбук во средата изјави дека видеото содржи неточни факти, дека група луѓе биле имуни на Ковид-19, што претставува кршење на политиката за ширење на дезинформации за пандемијата.

Ова е првпат оваа платформа да превземе таков чекор, да ја избрише содржината објавена од претседателот кога станува збор за вирусот корона, но не и за прв пат кога станува збор за друг вид на трампови објави.

Скоро координирано Твитер го замрзна налогот @TeamTrump на која беше споделено истото видео.

Минатиот месец Твитер привремено го блокираше синот на Трамп, Доналд Трамп јуниор, со образложение дека шири неточни тврдења за вирусот корона и лекот.

За разлика од овој случај, во март, Твитер изјави дека тврдењето на Илон Маск дека децата се „суштински имуни“ не прекршило никакво правило и не беше избришано.

Говорејќи по телефон за шоуто „Foks end frends” Трамп рече дека е време училиштата да се отворат.

Ако погледнете децата се скоро, а јас би рекол скоро дефинитивно, имуни на оваа болест. Знам како се чувствувате за ова, но тие имаат многу посилен имунолошки систем отколку ние. И тие немаат проблем, тие едноставно немаат проблем – рече Трамп.


Напишете коментар