Најразорниот земјотрес во Петриња предизвика Сисак да се помести на исток за 10 сантиметри, а Петриња меѓу 15 и 20 сантиметри, пишува во средата Јутарњи лист.

Според пресметката направена врз основа на сателитски снимки на Европската вселенска агенција, најразорниот земјотрес во Петриња предизвика движења на земјата со амплитуда од дури 70 сантиметри. Најголемото поместување е забележано во шумската област опкружена со градовите Слана, Глинска Полјана и Гора. Во западниот дел на раседот, земјата се искачи за 40 сантиметри, а падна за 30 сантиметри во близина на градот Петриња.

Сисак се помести со многу помал интензитет од Петриња. Прелиминарно, Сисак помести 10, а Петриња меѓу 15 и 20 сантиметри, рече за Јутарњи лист др. Марин Говорчин од Факултетот за геодезија во Загреб.

Интердисциплинарен тим на научници продолжува да ја обиколува областа за да одговори на голем број прашања. Досега тие не детектирале ефект од прв ред како што е пукање на раседи на површината.

Ако најдеме некои површински манифестации на пукање на раседот, можеме точно да процениме каде е раседот, колкаво е поместувањето во него и колкава е должината на раседот што пукнал, вели сеизмологот д-р. Јосип Стипчевиќ, доцент на катедрата за геофизика, на Природноматематичкиот Факултет во Загреб.