Баварија треба да стане првата германска покраина која ќе ги тестира сите граѓани за коронавирус, без оглед на тоа дали имаат симптоми. Министерката за здравство Мелани Хумл објави „офанзива со тестирање“. Тестовите треба да ги вршат матичните лекари, пишува Дојче веле.

Фокусот сè уште ќе биде ставен на најранливите – жители на домови за стари лица и болни или пациенти кои лежат во болници, потоа луѓе кои работат на чувствителни и фреквентни места како што се наставници и вработените во градинките.

Детален план за тестирање треба да се изготви во наредните денови. Сите трошоци ќе бидат на товар на покраината, освен ако здравственото осигурување не ги покрие трошоците за тестирање.

Сакаме да испитаме дали тешката физичка активност или работата на неповолни температури претставуваат дополнителни фактори на ризик за инфекција – рече министерот Хумл.

Деновиве често се слуша дека студот влијае на ширењето на вирусот, а температурите се ниски во фабриките каде се работи со сирово месо.

Во последните неколку недели, тестирани се 6.407 вработени во 51 кланица во Баварија и пронајдени се 110 лица позитивни на корона. Од тој број, дури 100 се пронајдени во една кланица во округот Штраубинг-Боген, каде што се случи жариште во мај.


Напишете коментар