Специјалниот претставник на Белата куќа за дијалогот меѓу Србија и Косово, Ричард Гренел изјави дека Косово и Србија во петокот во Вашингтон потпишале договор за меѓусебна соработка и дека не потпишале никаков договор со Соединетите држави.

На констатацијата на новинарите, дека и американскиот претседател Доналд Трамп потпиша нешто, Гренел рече дека е тоа точно.

Тој во основа потпиша писмо со кое потврди дека тие ќе работат заедно на реализација на договорот – рече Гренел.

На инсистирање на новинарите да појасни што точно потпишале двете страни, Гренел рече: „Двете страни потпишаа договор да соработуваат за нормализацијата на економските односи“.

На прашањето дали договорите потпишани од двете страни се исти, тој рече дека 99,9 проценти се исти, освен последната точка.

Србија ќе ја премести својата амбасада во Ерусалим до јули следната година – тоа е српскиот дел од договорот, а за Косово сè е исто до последната точка, која гласи дека ќе имаат меѓусебно признавање со Израел, рече Гренел.


Напишете коментар