На 18 јануари, во Солун од Италија пристигнува возот “Белата стрела“, патувајќи со 200 км на час, со ресторан и бар. Еден од петте возови од првата генерација наречен “Бела стрела”. Стартот ќе се одржи на релација Атина-Солун на 25 март, по повод 200-годишнината од грчката револуција во 1821 година.

Возот е целосно реконструиран и обоен во боите на грчката железничка компанија.

Извршниот директор на компанијата, професорот Филипос Цалидис, објави дека новите возови, кои сообраќаат со брзина од 200 километри на час, ќе бидат доставени постепено откако ќе бидат извршени тестовите на грчката железничка мрежа. Грчки возачи веќе се во Италија за да добијат обука и да го донесат првиот воз во Грција.

Новите возови ќе имаат девет вагони, од кои едниот ќе биде ресторан и бар. Тие ќе имаат три вагони од прва класа и четири економични. Секој воз ќе може да превезува над 600 патници и ќе вклучува високи стандарди и удобности подобри од авион за релаксирачко и брзо патување.

Со оглед на условите на грчката железничка мрежа, која постојано се подобрува, новите возови ќе можат да развиваат брзина од 160 км, а релацијата Атина-Солун ќе може да се помине засамо три часа. Цената на целата инвестиција за ТРАИНОСЕ изнесува 52 милиони евра.

Потсетуваме дека италијанската државна железничка компанија Феровие дело стато го приватизира грчкиот железнички оператор ТРАИНОСЕ. Феровие дело стато е трет по големина железнички оператор во Европа.