“Задната врата“ што ја отвори Вселенскиот патријарх Вартоломеј, се чини дека не е затворена за време на издавањето на томосот за автокефалноста на расколничката црква во Украина!

На овој начин, огромен дел од српските црковни кругови ги коментираат барањата на македонските власти до Вселенскиот патријарх Вартоломеј за автокефалноста на македонската црква.

Во таа своја политика тие бараат сојузници и во дел од грчкиот црковен клер кој не гледа со симпатии на политиката на Вселенскиот патријарх Вартоломеј. Но не гледа со симпатии и на постоењето афтокефална македонска Црква.

Според Дмитрис Целегидис, професор на богословскиот Аристотел универзитет во Солун, прашањето за автокефалноста очигледно е прашање на Српската православна црква, пишуваат српските медиуми.

Доколку Вселенскиот патријарх Вартоломеј ја препознае автокефалноста на канонски непризнатата Македонска православна црква, тоа ќе биде надвор од неговите надлежности, како во случајот со Украина, смета Целегидис.

Сè е апсолутно јасно. Ова прашање очигледно е во надлежност на Српската православна црква. Ако Вселенскиот патријарх тргне по патот на признавање на автокефалноста, тогаш тој ќе оди подалеку од овластувањата, како во случајот со Украина. Ваквите потези на црквата само создаваат проблеми, нагласува тој.

Бидејќи не ја признаваме соседната земја како„ Северна Македонија “, како може да очекувате да ја признаеме македонската автокефалност? Во Скопје нема „Македонска црква“. Според мое лично мислење, патријархот Вартоломеј не треба да ја одобрува нивната автокефалност, рече митрополитот лерински и преспански Теоклит.

Од друга страна, извори од круговите на грчката православна црква блиски до Светиот синод тврдат дека грчката православна црква ќе ја следи волјата на патријархот Вартоломеј, како во случајот со давање автокефалност на украинската црква.

Поранешниот висок претставник на грчката православна црква изјави дека грчката православна црква нема да може да се спротивстави на постоењето на независна македонска црква. Ова се должи на фактот дека грчките архиепископи го изгубија правото на вето кога го признаа правото на Патријархот да дава автокефалност во целост.

Протопрезвитерот Теодорос Зисис, професор по теологија на Универзитетот Аристотел во Солун, ги коментираше постапките на Вартоломеј, велејќи дека „Вартоломеј се обидува да ја добие поддршката на мнозинството во црковниот свет создавајќи свои цркви и се обидува да ги ослаби и српската и руската црква“.

Дека српската политика тешко се помирува со фактот дека СПЦ може да биде заобиколена од Вселенската Патријаршија сведочи изјавата на српскиот министер за надворешни работи, Ивица Дачиќ:

Ние сакаме да се постигне договор, но правилата на Православната црква секако мора да се почитуваат и очекуваме Вселенскиот патријарх да биде на таа страна, како што се изјави и против создавањето на т.н. „Црногорска православна црква“, рече Дачиќ, одговарајќи на прашања на новинарите во Белград.

Сега е јасно дека Белград и Москва ќе бидар против признавањето на МПЦ од страна на Вартоломеј.