Откако ситуацијата со пандемијата со коронавирусот не е на завидно ниво, Србија се обидува на сите можни начини да ја претвори ситуацијата во поволна. Како што покажаа денешните податоци, за само еден ден имаше скоро 8.000 заразени во Србија.

Новите мерки ќе стапат на сила во петок, 4 декември, што значи дека ќе важат од овој викенд, а како што се дознава, тие треба да бидат во сила две недели од усвојувањето.

Сликите од Белград покажуваат дека е тоа еден вид “град на духови”. Како што можете да видите, на улиците е празно. Има само ретки минувачи, а угостителските објекти, како што сите знаеме, со денови се затвораат во 18 часот.

Само фризерските и салоните за убавина, но и бутици кои не се во трговските центри, според постојните мерки, можат да работат до 21 часот.

Со скратувањето на работното време до 17 часот, драстична промена е што сето тоа, заедно со угостителските објекти, ќе биде затворено за време на викендот.

Во последните 24 часа биле тестирани 22.837 пациенти, што е нов рекорд по бројот на испитани лица, од кои 7.999 биле позитивни на коронавирус, што е исто така нов рекорд по бројот на нови случаи во Србија. Од коронавирус починаа 48 лица.

Најкритична е состојбата во Белград, со 1.968 ново заразени.