Српскиот претседател Александар Вучиќ рече дека ќе го моли генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг да го спречи повлекувањето на КФОР и УНМИК од Косово. Што се однесува до повлекувањето на трупите на КФОР и УМНИК, тој посочува дека ниту една од двете опции не е добра.

Имате две опции, да се повлечат КФОР и УМНИК и да остане Бондстил како американска база или таа база да не остане, и овие да се повлечат. Наше е да ги зачуваме мирот и стабилноста, растот што го направивме. Нашите жени и мајки не се плашат дали нивните деца ќе се вратат во ковчези, рече тој.

Ако КФОР се повлече, тоа е крај на сето тоа. Тоа би значело дека Албанците стојат на границата и да нема повеќе никакви права за Србите.

Тој рече дека тое што го тврди е разузнавачка информација и дека тоа го бара една голема сила, но не сакаше да потврди дека станува збор за барање од САД. Вучиќ изјави дека на разговорите во Брисел во наредните денови ќе побара тоа да не се случи, бидејќи „тоа ќе биде крај на сè и затоа што сето тоа е спротивно на Резолуцијата 1244“.

„Тоа не можеме да го прифатиме“, рече Вучиќ.

Повлекувањето на КФОР и Умник од Косово и Метохија не е можно без согласност на Советот за безбедност на ООН, бидејќи тоа би значело кршење на Резолуцијата 1244 и тоа ќе води кон егзодус на Србите, а ветото на Русија и Кина е единственото решение изјави српскиот министер за внатрешни работи, Александар Вулин.

Вулин, кој е во дводневна работна посета на Москва, ја пренесе пораката на Белград до Русија дека промената во мандатот на КФОР и Умник е неприфатлива за Србија и изрази надеж дека Русија и другите земји ќе ја поддржат Србија.