Српските медиуми објавија дека вечерва, во неговото гостување на РТС, Вучиќ ќе ги најави новите мерки за Белград поради влошување на состојбата со епидемијата, по препорака на Кризниот штаб.

Blic објави дека неофицијално им било потврдено дека се размислува за повторно воведување на полицискиот час во вечерните часови, но голема е веројатноста за карантин за Белград, што значи дека ќе биде забранет влез и излез од главниот град.

Вчера во Србија беа направени 8.626 тестови за COVID-19 од кои 272 беа позитивни, а четворица пациенти починаа.

Вчера исто така беше забележан најголем скок во бројот на пациенти на респираторна машина – од 42 на 73.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *