Забележливо е дека има повеќе луѓе во кафулињата, но сепак сите локали не останаа отворени по 17 часот.


Белград „оживеа“ по последните мерки на Кризниот штаб, но не сите побрзаа да го користат новото работно време на објектите.

Кнез Михаилова, главното шеталиште во Белград, има многу пешаци и има гости во околните кафулиња, но без музика.

Кога станува збор за гужва, ситуацијата е нешто поразлична во периферијата на градот, каде има помалку луѓе на улиците.

Полицијата објави зголемена контрола врз угостителските објекти во Белград, особено во периодот од 17 часот, со цел да се утврди дали во објектите се емитува музика во живо и дали бројот на луѓе во објектот е поголем од дозволениот.

Погледнете како изгледаа улиците на Белград вечерва откако беа олабавени мерките што важеа заради вирусот корона, односно беа ублажени.

Beograd
Beograd