Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, по препорака на Кризниот штаб, вечерва треба да ги соопшти најновите, остри мерки за Белград заради коронавирусот, објави Б92.

Вучиќ треба да ги објави тие мерки вечерва, за време на неговиот настап на дежавната Телевизијс РТС, а причина за тие мерки е многу неповолната епидемиолошка состојба во главниот град на Србија.

Според најновите податоци, од вкупниот број на тестирани во Србија во последните 24 часа, повеќе од 80 проценти од заразените се од Белград.

Вечерва, по состанокот на Кризниот штаб, претседателот на Србија ќе ја објави конечната одлука на епидемиолозите за нови ригорозни мерки за сузбивање на епидемијата во главниот град.

Според информациите на Б92 тие размислуваат за повторно воведување на полициски час во вечерните часови, или целосно затворање на Белград, што ќе значи забрана за влез и излез од градот.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *