Вчера ( вторник ) во 18 часот официјално стапија на сила новите мерки на Кризниот штаб во Србија кои беа условени со драстичното влошување на епидемиолошката состојба поради пандемијата на корона вирусот.

Врз основа на Уредбата на Владата на Република Србија, наложено е да се намали работното време на рестораните, кафулињата, баровите, клубовите, обложувалниците, театрите, кината и трговски центри до 18 часот.

Вечерва Белград делуваше како напуштен или пуст град. Никогаш досега го немаме видено Белград во такво светло.

Немаше бучава од кафулето, имаше само ретки минувачи по улиците и полицијата која контролираше дека мерките се почитуваат, а во градските автобуси имаше само по некој патник.

Во последните 24 часа во Србија беа тестирани 21.476 лица, што е најголем број тестирани за еден ден, од нив 6.842 биле позитивни, додека 37 лица починале.

Во здравствените установи низ цела Србија има 225 пациенти на респиратори, што е нов црн рекорд.

Тоа ги загрижува членовите на Кризниот шраб е фактот дека 729 луѓе биле хоспитализирани во еден ден! Вкупно 6.478 лица сега се на болничко лекување, што е најмногу досега.