Не треба да се исклучи можноста дека Приштина ќе се обиде да стори нешто слично на Црногорската православна црква на територијата на Косово и Метохија, предупреди денеска српската премиерка Ана Брнабиќ во врска со писмото на властите во Приштина во кое се бара УНЕСКО да ги отстрани српските цркви и манастири од категоријата загрозени.

Брнабиќ рече дека писмото што Албин Курти им го испрати на претставниците на УНЕСКО е кулминација на лицемерие и цинизам.

Манастирите се под постојано внимание на КФОР, посебно Високи Дечани . Не може да се каже дека нивната безбедност не е загрозена и продолжува постојаниот притисок врз монаштвото и Српската православна црква, посочува српскиот премиерот, а пренесува РТС.

Брнабиќ наведува дека во писмото Курти зборува за српското културно и верско наследство и манастирите како нивна култура и религиозно наследство, т.н. косовско наследство.

Тоа ми кажува дека не треба да исклучиме можноста дека на крајот тие ќе се обидат да направат нешто слично на црногорската православна црква Мираш Дедеиќ на територијата на Косово и Метохија, односно на некоја нивна црква. На тоа сме подготвени, знаеме како да се бориме против тоа преку дипломатија, рече српскиот премиерот, пренесува Танјуг.