Српската полиција дошла до изненадувачки сознанија и откриена е врската помеѓу поранешните водечки структури на Министерството за внатрешни работи и оваа криминална група.

Поголемиот дел од откриениот арсенал до оружје, кој се состои од неколку десетици парчиња оружје откриени и запленети во куќата на смртта на Вељко Беливук во Ритопек, доаѓа од магацинот на Министерството за внатрешни работи на Србија, тврди српски Телеграф. Мал дел од оружјето потекнува од Босна, од каде пристигнаа во Србија благодарение на врските на кавачкиот клан.

Истражувајќи ги злосторствата на групата предводена од Веља Невоља и Марко Миљковиќ во Србија, кои беа уапсени на 4 февруари со дваесетина други соучесници, полицијата дојде до изненадувачки откритија.

Ја фативме врската помеѓу поранешните раководни структури на Министерството за внатрешни работи и оваа криминална група. Ја следевме трагата што ни ја укажаа доверливи извори од подземјето и дојдовме до откривање како функционира набавката на оружје за овој клан. Некои од полицајците имаа пристап до документи за расходување на оваа оружје беа ангажирани од овој клан за голема сума пари. Тие исправното оружје го претставуваа како неупотребливо, ги фалсификуваа документите и им го предадоа оружјето од магацинот на криминалците. Секако, станува збор за исправно оружје. Првите пресметки покажуваат дека околу 90 проценти од запленетото оружје во Ритопек на овој начин стигнало до тимот на Беливук. Претежно примале експлозив од Босна. вели добро информиран извор од истрагата.

Тој не сакаше да наведе кој од полицијата учествувал во овој криминален бизнис, наведувајќи само дека истрагата е во тек.

Во овој момент можам само да кажам дека истражуваме неколку припадници на Министерството за внатрешни работи именувани од поранешниот државен секретар Дијана Хркаловиќ. И понатаму се истражува нејзината поврзаност со кавачкиот клан, посебно со српскиот огранок, предводен од Вељко Беливук, додава извор близок на истрагата.

Да потсетиме, јавноста беше шокирана кога полицијата покажа снимка од пронајденото оружје во тајниот бункер на викенд куќата во Ритопек. Во арсеналот имало пиштоли, автоматски пиштоли шкорпион, хаклери, автоматски пушки со рамки за муниција, снајпер, но исто така и авионски браунинг, тежок митралез со калибар 12,7 милиметри, што пробива лесни оклопни возила.

Највисоките лица во српската полиција веќе изјавија дека овој митралез, кој се користи за пробивање на лесно оклопно возило или блиндирано возило, бил опремен и со телескопски нишан. Опсегот на ова оружје е до пет километри.

Истражните органи не се сомневаат дека криминалната банда на Беливук и Миљковиќ, по наредба на шефот на кавачкиот клан од Црна Гора, Радоје Звицер, планирала атентат врз лице од самиот врв на српската држава. Министерот на полицијата, Александар Вулин објави дека српскиот претседател Александар Вучиќ е потенцијална цел.

Сè додека водачите на кавачкиот клан се на слобода, мислам на Радоје Звицер и неговите соработници, безбедноста на секој член на МВР кој работи или работел на случајот Беливук-Миљковиќ е загрозена. Српскиот претседател Вучиќ е носител на државната политика што овозможи борба против криминалот, и секако тој е секогаш на мета. Неговата ликвидација би ја втурнала Србија во хаос и конфликти, а тоа е ситуацијата во која владеат криминалците, изјави неодамна Вулин.