Белоруската полиција денеска соопшти дека употребила солзавец и шок бомби за да ги растера, како што наведе, „непослушните демонстранти“ во градот Гомел.

Со овој свој потег, наведе, спречила пробивање на полицискиот кордон, пренесе Тасс.

Во Белорусија и денес продолжија протестите против резултатите од претседателските избори, по кои победа прогласи, а потоа и се самоинаугурира досегашниот долгогодишен лидер Александар Лукашенко, што опозицијата и Западот не го признаваат.

Како и претходните недела, метро-станиците во центарот на градот се затворени за да може што помалку луѓе да излезат на протестите.

Војниците, пак, ги  зазедоа позициите околу Палатата на Републиката, додека комбиња и стотици милицајци чекаат подготвени за акција во споредните улици.

Претседателската палата е обезбедена како тврдина затоа што властите стравуваа дека толпата може да упадне во седиштето на Лукашенко.

Британските медиуми пренесоа дека полицијата досега уапсила најмалку 53 лица низ целата земја, повикувајќи се на наводи на  групата за човекови права „Весна“