Јосип Манолиќ ја доби битката против короната на возраст од 102 години.

Најдолговечниот шпион од Балканот, Јосип Манолиќ, ја победи короната на 102-годишна возраст и се опорави по две недели.

Лекарите констстираа почетната фаза на пневмонија, тој ги имаше сите симптоми на корона, но избегна да оди во болница. Тој се лекуваше дома, а неговите најблиски пријатели беа заинтересирани за неговото здравје и се погрижија да има се што е потребно.

Манолиќ сакаше свечено да го прослави својот стоти роденден, но токму тогаш започна пандемијата и прославата беше одложена за некое друго време. Манолиќ сакаше да го покани целиот хрватски државен врв, со кој има добри односи.

Во меѓувреме, тој во интервјуата потенцираше дека треба да се пази од короната, но на крајот сепак беше заразен од вирусот.

Јосип Манолиќ имаше долга разузнавачка и политичка кариера, тој беше висок член на ОЗНА и УДБА и близок пријател и соработник на Фрањо Туѓман.

Кога Туѓман предложи поделба на Босна, Манолиќ не се согласи и основаше нова партија со Стипе Месиќ и го продолжи својот политички ангажман.

Сам го возеше својот автомобил се додека не наполни сто години и редовно одеше од Загреб до неговата куќа во Нови Винодолски на море.