На денешен ден пред 14 години животот го загуби Тоше Проески, а за Лиљана Петровиќ, менаџерката на починатиот пејач, денешниот датум секогаш ќе остане врежан во меморијата.

И после толку години, таа не го преболе Тоше, а дури по 10 години од смртта на пејачот го посети неговиот гроб во Крушево.

Таа кобна ноќ, Лиљана била во автомобилот со Тоше, и со сериозни повреди била префрлена во болницата во Нова Градишка, каде дознала дека Проески починал на лице место. Оттогаш, нејзиниот живот ја загуби својата смисла. Кога се опоравила, одлучила да го промени својот живот и да ги прекине сите врски што ќе ја потсетуваат на него.

Беше потребна голема храброст за радикално да го сменам мојот живот. Секогаш е тешко да се откажете од нешто во што сте биле добри и да започнете нешто ново од нула. Особено кога сте во состојбата во која бев, се разбира дека е тешко. Природата беше лек за мојата душа во тоа време, затоа и должам многу, рече Лиљана во интервјуто, а откако Проески трагично го заврши животот, се посвети на одгледување лаванда и живее од тоа.

По естрадата, оваа работа беше мојот единствен лек. После сето тоа лудило. Не можев да надминам се што ми се случи тогаш. Едноставно, повеќе не можев да ја работам работата што ја работев. Тоше ми значеше премногу, многу повеќе од музика и моја работа. Впрочем, јас не бев способна за такво нешто.

Кога по смртта на Тоше рече дека става крај на менаџерската кариера, многумина мислеа дека тагата зборува од неа и дека ќе го смени мислењето. Лиљана признава дека безброј пати добивала понуди да се врати на старата работа, но дека без размислување ги одбила. Со заминувањето на Проески, таа го остави тој живот зад себе.

Тоше го загуби животот на 26 години на денешен ден, пред 14 години. Цел Балкан ја оплакуваше неговата смрт. Зад себе остави тажни родители, сестра, девојка и внуци, пријатели и фанови Во неговото родно Крушево, се уште постои меморијален музеј со предметите на Тоше, од кимоно од џудо до бројаници и икони што не ги носеше со себе. Неговите родители Доминика и Никола никогаш не дојдоа во овие соби, исто како што Лиљана Петровиќ не дојде во нивната куќа. Секој тагува одделно и не сака да се сретне бидејќи присуството ги потсетува на заедничката болка.

Немам контакт со неговото семејство, само ја затворив таа приказна. Се откажав од се, само секогаш го носам со себе, и тоа ми е доволно. Луѓето треба да разберат дека јас бев дел од животот на Тоше, го ставив целото свое јас и затоа бевме толку успешни. Со неговото заминување, замина и дел од мене, истакна Лиљана во првото интервју што го даде за медиумите по 10 години од смртта на пејачот.