Меѓу лидерите кои по самитот на ЕУ мораа да одат во самоизолација се претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и шпанскиот премиер Педро Санчез.

Германската канцеларка Ангела Меркел се тестираше и тестот покажа дека е негативна на Ковид-19, по самитот на ЕУ минатата недела, за време на кој се состана со францускиот претседател Емануел Макрон, соопшти денеска владата на таа земја.

Германската влада се огласи во јавноста откако беше објавено дека Макрон бил позитивен на вирусот корона.

Канцеларката беше тестирана неколку дена по самитот на ЕУ, како и обично – изјави портпаролката, пренесува Ројтерс.

Таа додаде дека Меркел му посака на Макрон брзо закрепнување.

Меѓу лидерите кои по самитот на ЕУ мораа да одат во самоизолација се претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и шпанскиот премиер Педро Санчез.