Ограничувањата и карантините во повеќето европски земји, како резултат на епидемијата на вирусот корона, спасија повеќе од три милиони животи, се наведува во студијата на Империал колеџот во Лондон. Студијата опфатила 11 европски земји: Австрија, Белгија, Данска, Франција, Германија, Италија, Норвешка, Шпанија, Шведска, Швајцарија и Велика Британија, во периодот од почетокот на пандемијата до почетокот на мај.

Во тоа време, околу 130.000 луѓе умреле од коронавирус во тие земји. Студијата користеше модел кој предвидува колку луѓе би умреле доколку не се воведеше карантин. Во студијата се наведува дека околу 4,2 милиони луѓе би умреле до 4 мај ако не се воведоа такви мерки и ако на луѓето не им беше речено да останат дома.

Тоа значи дека ограничувањата и карантините спасија 3,1 милиони луѓе, вклучително и 470.000 во Велика Британија, 690.000 во Франција и 630 000 во Италија.

Истата студија тврди дека, ако не беа воведени карантини пандемијата денес би се приближувала до својот крајот, бидејќи многу повеќе луѓе би биле заразени. Околу седум од десет лица во Велика Британија би биле веќе заразени со корона вирусот, што би довело до имунитет на стадото а вирусот ќе се ширеше помалку.

Доколку немаше блокада, околу 15 милиони луѓе во Европа ќе беа заразени до почетокот на мај. Досега се заразени четири отсто од популацијата на овие земји.

Во меѓувреме, Универзитетот во Берлки го анализираше влијанието на карантините и рестрикциите врз Кина, Јужна Кореја, Иран, Франција и САД. Во извештајот се наведува дека карантинот спречил да има 530 милиони заразени лица во овие земји.


Напишете коментар