Членот на претседателството на БиХ, Жејко Комшиќ, нема да присуствува на состанокот со министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, пренесуваат медиумите во ФБИХ. Комшиќ ќе и се обрати на јавноста на прес-конференција.


Претседателот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик и членовите Комшиќ и Џаферовиќ требаше да се состанат со Лавров во девет часот.

Членот на претседателството на Босна и Херцеговина, Сефик Џаферовиќ, нема да присуствува на денешната средба на членовите на Претседателството на БиХ со Сергеј Лавров, пренесуваат медиумите.

Лавров пристигна во БиХ вчера и најпрво отиде на состанок со делегацијата на РС, а синоќа одржа состанок со лидерот на ХДЗ и член на Колегиумот на Домот на народите на БиХ, Драган Човиќ. Се претпоставува дека тоа е причината што Комшиќ и Џаферовиќ нема да се сретнат со него.