Фондацијата Бил и Мелинда Гејтс ќе инвестира уште 70 милиони долари во развој и дистрибуција на вакцина против новиот корона вирус.

Од тоа, 50 милиони долари ќе бидат наменети за ЦОВАХ, меѓународна организација што ја развива вакцината, а со неа управуваат Светската здравствена организација и ГАВИ и ЦЕПИ, чиј основач е фондацијата Бил и Мелинда Гејтс.

ЦЕПИ, организацијата за борба против епидемиите, ќе добие 20 милиони долари со цел да помогне во развојот на перспективни вакцини, пренесува РТ.

Иако во моментов се развиваат неколку вакцини, Гејтс претходно објави дека оние што ќе дојдат по нив „ќе имаат поголем потенцијал да бидат масовно произведени, постабилни и поевтини за производство“.

Гејтс постојано изјавуваше дека вакцината е најголема надеж за победа над вирусот корона и дека сите треба да ја примат.

Основачот на „Мајкрософт“, кој воедно е и еден од најголемите донатори за развој на вакцината, сега не изјави кога може да се стави крај на пандемијата, велејќи дека „ни претстои долг пат“, додека пред еден месец изјави дека богатите земји можат да се вратат во нормала веќе на крајот на 2021 година.