Бил Гејтс е познат по многу нешта – основач и долгогодишен директор на Мајкрософт, до неодамна најбогатиот човек во светот, филантроп и промотор на вакцинација и контрола на пандемијата, и ако ги прашате теоретичарите на заговор, негативец кои со тајни планови сака да пороби и го десеткува човештвото со вакцини. Но едно е сигурно тој досега не е познат како земјоделец.

Сепак, Гејтс стана најголем приватен сопственик на земјоделско земјиште во светот, според извештајот на Urban Land Institutea, Land Report, објавен во јануари. Според овој извештај, тој станал уште во 2018 година кога купил 14.500 хектари првокласно земјиште во државата Вашингтон, инаку традиционална територија на племето Јакама, за 171 милиони долари.

Со оваа набавка, Гејтс стана сопственик на вкупно 242.000 хектари земјоделско земјиште во 19 американски држави, од Вашингтон до Арканзас, со вкупна вредност од над 690 милиони долари. Гејтс поради тоа доби нов прекар во извештајот за земјиштето: Фармерот Бил.

Земјиштето во сопственост на Гејтс е, за споредба, скоро со иста површина како Хонг Конг, пишува во својата колумна за Гардија Ник Естес, професор на Универзитетот во Ново Мексико .

Сепак, Гејтс не е единствениот богат човек кој, сакајќи да го диверзифицира своето портфолио, со посредство на менаџери за инвестиции и консултанти, започна масовно да купува обработлива површина. Приливот на пари во средства што се инвестираат во обработливо земјиште достигна рекордно ниво во 2019 година, пишува Фајненшл тајмс.

Постојат повеќе причини за такви инвестиции – на пример, достигнување на таканаречени нултно ниво на емисии на стаклени гасови (што предизвикува глобално затоплување) за нивните компании, што е најлесно да се постигне со засадување дрвја и регенерација на осиромашената почва, која потоа апсорбира и складира јаглерод од стаклените гасови, првенствено јаглерод диоксид.

И некои други милијардери купуваат земја за да го подигнат својот имиџ на еколошки свесни претприемачи. Основачот на Си-Ен-Ен, Тед Тарнер, на пример, купи дури 2 милиони хектари земја (не само обработлива), а едно од последните стада биволи во САД шета низ неговиот ранч од 200.000 хектари. Биволите, исто како и ранчот, се негова приватна сопственост.

Сепак, како што пишува Естес за Гардијан, ранчот на Тарнер е на територија што требало да му припаѓа на племето Лакота, според прекршеното ветување на американската влада од 19 век.

Од другата страна на Атлантикот, данските милијардери Андерс Повлсен и Ан Хох Повлсен планираат да вратат 200.000 хектари земја што ја купија во Шкотска, во состојба на дивина.