Коосновачот на Мајкрософт, Бил Гејтс, го искористи својот личен блог за да искоментира уште еднаш за пандемијата со ковид-19 и да испрати пораки за надеж во новата 2021 година.

Во својата објава, американскиот милијардер истакна дека оваа година ќе ја одбележат исклучително добри вести за ширењето на вирусот, но сепак истакна дека опасноста сè уште не е помината, а јануари се очекува да биде со големи тешкотии.

Во врска со новиот вид на коронавирус пронајден во Велика Британија, Гејтс рече дека тој е многу заразен, но не и повеќе смртоносен. Според него, секој новооткриен вид на вирус мора внимателно да го проучуваат научниците за да можат самите вакцини да бидат поефикасни.

Бил Гејтс не пропушти да го изрази своето воодушевување од брзиот развој на вакцините, што според него е „очигледен напредок“ во развојот на науката.

Јас сум зачуден кога размислувам за темпото на научен напредок во 2020 година. Под нормални околности, може да бидат потребни десетина години да се создаде вакцина. И сега многу вакцини се развиени за помалку од една година, истакна тој.

Гејтс и неговата сопруга се очекува да разговараат со светските лидери за климатските промени и пандемијата.

Како заклучок, коосновачот на Мајкрософт изрази надеж дека 2021 година ќе биде значително подобра од претходната.