Коосновачот на „Мајкрософт“, Бил Гејтс, уште еднаш ја коментираше пандемијата на новиот коронавирус, предупредувајќи на што треба да се подготви светот во 2021 година.

Според американскиот претприемач и милијардер, првите вакцини против КОВИД-19 се навистина добри вести и благодарение на нив би можеле да се вратиме во старата нормалност, но сепак прецизирајќи дека тоа нема да се случи многу наскоро, бидејќи „сè уште не сме безбедни“.

Бил Гејтс истакна дека откривањето на нов вид на коронавирус во Велика Британија е најлошата вест за крајот на оваа година и затоа мора да бидеме крајно внимателни во 2021 година.

Податоците покажуваат дека пандемијата ќе се влоши повеќе или помалку следниот месец. Затоа треба да научиме да живееме со новиот вид на вирус, кој се чини дека се шири со молскавична брзина, но не е толку смртоносен, коментира тој на неговиот личен блог.

И покрај достапноста на вакцини и третмани, Гејтс е на мислење дека антиепидемиските мерки мора да останат на сила ширум светот.

Бројот на заразени и смртни случаи ќе почне значително да се намалува, или барем во побогатите земји, а потоа животот брзо ќе се врати во нормала, заклучи милијардерот.