Го обвинуваа дека планира со помош на вакцините да ги чипира луѓето за да може да владее со светот. На крајот самиот тој беше вакциниран со новите вакцини против корона вирусот и како што изјавува тој е многу среќен поради тоа.

Основачот на компанијата Мајкрософт и американскиот милијардер Бил Гејтс откри дека ја примил првата доза на вакцината против вирусот корона и им се заблагодарил на сите луѓе кои работеле на правење лекови и вакцини против КОВИД-19.

Една од придобивките како 65-годишник е тоа што имам право на вакцина против коронавирус. Првата доза ја примив неделава и се чувствувам одлично. Благодарам на сите научници, волонтери и истражувачи, регулатори и медицински професионалци кои се на првите редови на одбраната кои не доведоа до оваа точка, напиша Гејтс на Твитер.

За потсетување, Гејтс неодамна во својот блог рече дека 2020 година е страшна, но тој верува дека ќе следат добри вести во 2021 година.