Употребата во Европа може да започне пред крајот на оваа година

Германската фармацевтска компанија „Бионтек“ и нејзиниот американски партнер „Фајзер“ денес објавија дека во понеделникот до Европската агенција за лекови (ЕМА) доставиле барање за условно одобрување на нивната вакцина против коронавирусот.

Доколку ова барање биде одобрено најверојатно ќе се започне со тестирање на крајот од оваа година , или на почетокот на 2021. Од компанијата велат дека не е ништо спорно од нивна страна, и дека е само прашање на време кога ќе заврши ова лудило.