Новата книга „Битка на браќата“, напишана од Роберт Лејси, открива нови детали за настаните во британскиот кралски двор што претходеа на преселбата на Меган и Хари во САД и презентирање на низа обвинувања против кралското семејство

Според книгата, голема расправија избувнала помеѓу Вилијам и Хари поради однесувањето на Меган кон вработените во палатата.

Принцот Вилијам, наводно, го разделил домаќинството од принцот Хари во 2018 година по остриот и нервозен телефонски разговор меѓу браќата, откако се појавија обвинувања дека сопругата на Хари, Меган Маркл го малтретирала персоналот на палатата, тврди Роберт Лејси, автор на новата книга која се занимава со односите на членовите на кралско семејство.

Пријател близок на војводата и војводката од Сасекс, Хари и Меган откри како „Вилијам го избркал Хари“ по бесниот телефонски разговор кој завршил така што војводата од Сасекс бесно му ја спуштил слушалката на својот брат, објавува Тајмс делови од книгата Битка на браќата.

Во книгата тврди дека Вилијам уште од самиот почеток се сомневал дека Меган е „непријателски настроена“ кон кралскиот систем и дека од самиот почеток планирала да ја напушти монархијата и да се врати во САД.

Персоналот на кралската палата во книгата тврди дека Меган „глумела жртва, но всушност била насилна“ и се однесувала лошо кон дворјаните, како што се однесуваат разгалените холивудски sвезди. Таа наводно му го пренела своето однесување на Хари, кој се почесто се слушал како им вика и како се им обраќа на вработените со кренат глас. Меган и Хари отсекогаш негираа каква било манифестација на насилство од нивна страна.

Вилијам, наводно, му рекол на близок пријател дека смета дека Меган има план и дека е „многу повреден и се чувствува предаден“ поради раздорот со неговиот брат. Покрај тоа, тој додаде дека неговата сопруга Кејт секогаш била внимателна со Меган. Во книгата се вели и како Вилијам се жалел дека имал чувство дека Меган му го „краде неговиот сакан брат“ и дека смета дека Меган не разбира како функционира кралскиот систем.

Авторот на книгата цитира дворјанин од палатата Кенсингтон кој вели: “Меган се претстави како жртва, но беше многу насилна. Луѓето се чувствуваа загрозено. Мислеа дека е нарцисоидна со елементи на социопатско однесување. Авторот исто така наведува дека Вилијам бил убеден дека Меган има разработен таен план и го предупреди Хари за тоа уште пред свршувачката, но расправијата што следеше по патувањето на Меган и Хари на Австралија во 2018 година засекогаш ги промени односите меѓу браќата.

Имено, во интервју за Опра, Хари само ја спомена турнејата низ Австралија во 2018 година како момент кога „семејството виде колку е неверојатна Меган во тоа работа“, споредувајќи ја со нејзината покојна мајка, принцезата Дајана. Раздорот беше предизвикан од официјална е-пошта во која се тврди дека Меган ги малтретира вработените во палатата, што во октомври 2018 година го испрати секретарот за комуникации Џејсон Кнауф, а вработените дури започнаа и внатрешно шегување наречено # слободен Хари

Вилијам слушнал за е-поштата и нејзината содржина од Симон Кејс, неговиот приватен секретар, на кого му била испратена е-поштата. Веднаш го зеде телефонот за да му се јави на неговиот брат, но разговорот заврши со тоа што Хари му го спушти телефонот, а обвинувањата за малтретирање на вработените предизвикаа брутален конфликт меѓу браќата.

Палатата Кенсингтон е позната по тоа што вработува персонал подолг период, а многумина остануваат таму за целиот работен век. Затоа, беше многу невообичаено кога неколку вработени поднесоа оставки за многу кратко време, па дури и основаа неформално друштво наречено Клуб на преживеани од Сасекс клубот.

Кнауф, роден во Тексас и школуван во Нов Зеланд, е познат по љубезниот однос и приврзаноста кон персоналот, во електронската пошта тој напиша:

Многу сум загрижен за фактот дека војвотката од Сасекс лошо третираше дури две лица во изминатата година.

Тој исто така додаде дека наводниот однос на Меган кон персоналот е „целосно неприфатлив“ и дека „таа има намера секогаш да има некој на пик“.

Еден член на персоналот изјавил дека „Меган владее со помош на страв“. Иако беше еден од најблиските советници на Меган, Кнауф реши да испрати контроверзна е-пошта затоа што се смени неговиот некогаш симпатичен став кон војвотката. Еден помошник тврди дека „не можел да престане да се тресе“ чекајќи на средбата со Меган, додека друг ја обвини за „емоционална суровост и манипулација“. Поранешен член на персоналот изјави дека се разболел со ПТСН откако работел за војвотката.

За војводата и војвотката од Кембриџ се вели дека биле заштитнички настроени кон нивниот персонал, а обвинувањата за малтретирање особено го налутиле Вилијам, кој ги познавал скоро сите лично и ги сметал за неопходен и важен дел од палатата.