Биткоинот денеска го проби нивото од 18.000 долари, достигнувајќи нова рекордна вредност годинава.

Побарувачката расте, а на тоа влијае перцепцијата на оваа криптовалута како заштита од инфлација и очекувањето дека ќе биде широко прифатена како средство за плаќање.

Водечката светска дигитлна валута според најновите податоци порасна за три насто, на 18.175 долари, што е нејзино највисоко ниво од декември 2017 година, пренесува Ројтерс.