Надворешната канцеларија за криминалистички работи Ресен поднесе кривична пријава против Т. Н. (52) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста.

На 15.8.2020 во с. Крани, пријавениот, и Г. Т. од Битола, биле забележани од полициски службеник од Полициската станица Ресен како ја прескокнуваат оградата за да излезат од црквата Св. „Богородица“ во с. Крани. Полицискиот службеник се обидел да ги сопре, но Г. Т. побегнал кон возилото со кое биле дојдени, а Т. Н. со шрафцигер го нападнал, но полицискиот службеник успеал да го совлада.


Напишете коментар