Четириесет мигранти набиени во камион без вентилација го преживеале патувањето од Романија до Австрија, објави денес австриската полиција.

Граѓаните на Сирија, Ирак и Турција, вклучително и шест деца, побегнаа откако му дадоа знак на возачот да застане во малиот град Брук ан дер Лаит во близина на главниот град Виена.

Сведоците известуваат дека мигрантите стравувале за својот живот и дека им се слошило од недостаток на кислород, соопшти полицијата, додавајќи дека многумина од нив се онесвестиле за време на патувањето.

Полицијата, во друга акција фати 38 лица минатата среда откако избегаа од возилото. Мигрантите изјавија дека вкупно 43 лица се качиле во Романија, што значи дека некои од нив успеале да избегаат од австриските безбедносни сили. Приведен е и возачот со турско државјанство.

Мигрантите им рекоа на истражителите дека пристигнале од Турција во Романија по разни патишта и дека шверцерите им наплатувале од 6.000 до 8.000 евра.

Случајот потсетуваше на кобниот инцидент во 2015 година кога беа пронајдени 71 тела на мигранти во напуштен камион во близина на истиот град.