Сподели

“Вашингтон пост“ пишува за новиот тренд на богатите Американци. Се поголем дел од нив купуваат пасоши на други земји.

За многу генерации, американскиот пасош беше најголема гаранција за непрекинато патување во многу земји низ целиот свет. Сепак, пандемијата со вирусот „Ковид-19“ ја промени таа состојба.

Бидејќи државите почнаа да ги отвораат границите, многу од нив досега не ги вклучија САД на нивната листа со држави чии граѓани можат да влезат на нивната територија заради епидемијата на коронавирус. Ова е причината за отпочнување на споменатиот тренд на побогатите Американци, навикнати на чести патувања во странство.

Претседателот на финансиската компанија Артон Капитал, кој е специјализирана за добивање државјанство преку инвестиции во одредена земја, Арманд Артон, рече дека „се зголемија сознанијата за предностите да се има повеќе од еден пасош“.

Овие инвестиции можат да се однесуваат на недвижнини, обврзници, како и разни деловни иницијативи. Артон рече дека побарувачката за услуги на неговата компанија е зголемена за 30-40 проценти, а цената на ваквите услуги се движи од 100.000 долари за државјанство на Карибите, до повеќе од два милиони долари за пасоши на некои европски земји.

Мотивот за купување пасоши исто така се смени: во минатото, тоа главно беше последица на работите поврзани со даноците, а сега тоа е пандемијата „Ковида-19“. Голем дел од американските клиенти кои бараат пасоши од други земји се загрижени од американската политика, што може негативно да влијае на позицијата на американскиот пасош во светот.

До неодамна, кој можеше да замисли дека богатите Американци се „плашеле“ или „се срамат“ од нивните американски пасоши. И уште една важна работа: американската горна класа генерално знае што прави, што може да се значи дека не верува премногу во претстојното излегување на Америка од здравствената криза, но и во подобрување на имиџот на својата земја во светот. Тој тренд подоцна можат да го следат и другите слоеви од американското општество.

Затоа, не би требало да биде изненадување ако во блиска иднина, бројот на Американци со двојно државјанство значително се зголеми, што досега било карактеристично за слабите, неразвиени и нестабилни земји чии граѓани масовно се стремат кон егзодус во подобар живот, но не било реално така да се однесуваат граѓаните на најголемата супер сила во светот.


Сподели