Нема ништо подобро од времето со семејството! Ова го напиша на својот официјален Фејсбук профил бугарскиот премиер Бојко Борисов на Бадник.

„Среќни празници на сите!“, им посака Бојко Борисов на своите следбеници.

Бојко Борисов во својата објава постави фотографии на кои ги прегрнува своите внуци – Бојко и Иван за време на празничната вечера.