Македонизмот започнува да се развива во периодот околу 1930 година. Георги Димитров и Коминтерната ја продолжија таа линија за воспоставување на македонска нација, пишува поранешниот шеф на бугарските служби, Димо Гјауров.

Според него, голема дипломатска грешка била што бугарската страна воопшто дозволи да се спомене терминот „македонски јазик“ во преговорите.

Важно е да се зборува за анекс што треба да го одобрат обете страни. Текстот мора да содржи гаранции за иднината. Ако го промашиме моментот сега, отвораме можности за понатамошни шпекулации и нарушувања на нашата историја и идентитет. Долгото перење мозок доведе до сегашните позиции на Македонија и целото македонско општество, вели Гјауров.

Потребни се дополнителни гаранции дека Договорот за добрососедство ќе се спроведе. Заедничката историска комисија не се состанува повеќе од една година, а одлуките што ги донесе се незначителни. Доколку сега се отстапи од националните позиции на Бугарија, тогаш личната одговорност ќе ја преземат премиерот Бојко Борисов и Екатерина Захариева, вели поранешниот шеф на бугарските служби и додава:

Ако некој има аспирации кон македонската земја, тоа не е Бугарија, идејата за Голема Албанија воопшто не е избледена, предупреди тој.