Прифатени се оставките на министрите за финансии Владислав Горанов, за внатрешни работи Младен Маринов, за економија Емил Караниколов и за туризам Николина Ангелкова, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов по средбата со коалициските партнери.

Оставките доаѓаат во момент на секојдневни антивладини протести во Софија и низ целата земја, со барање за оставка на Владата и на јавниот обвинител Иван Гешев, како и одржување фер избори. Горанов, Младенов и Караниколов беа посочени од координаторите на ГЕРБ како блиски до ДПС, и затоа од нив е побарано да поднесат оставка пред една недела.

Министерката за туризам Ангелкова поднесува оставка во време кога секторот е во најлоша позиција, главно поради пандемијата на коронавирусот. На нејзино место е назначена вицепремиерката Маријана Николова, која ќе ги извршува и двете функции.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *