Во овој момент разликата меѓу двете најсилни бугарски партии, ГЕРБ на Бојко Борисов и Има таков народ (ИТН ) на Слави Трифонов е околу 2,5 отсто. Само за два месеци таа разлика е намалена скоро за два пати во корист на партијата на Трифонов. Анкетите покажуваат дека се намалува довербата во партијата на Борисов.

Како што сега стојат работите шансите на Борисов повторно да биде премиер се многу помали од пред два месеци и мартовските избори.

Околу 58 отсто од сите испитаници во анкетата изјавиле дека сигурно ќе гласаат на изборите на 11 јули. 16,7 отсто велат дека најверојатно ќе гласаат, 8,3 отсто изјавиле дека веројатно нема да гласаат, а 13,7 отсто дека сигурно нема да гласаат. Исто така, има мал дел што не успеваат да одговорат.

Останува да видиме каква активност ќе следуваа до изборите, кога ќе бидат објавени официјалните избирачки списоци. Според социолозите и политиколозите целата работа останува непредвидлива. Во тек се и коалициски разговори. Податоците се од редовното независно истражување на Галуп Интернешнл Балкан лице в лице со таблети, спроведено помеѓу 7 и 14 мај меѓу 812 возрасни Бугари.

Доколку изборите се одржуваа денес, оние за кои се очекува да гласаат со сигурност ќе гласаат на следниот начин: ГЕРБ ќе освои 22,8 отсто од гласовите, и останува да се види дали и во која мерка е можна нова коалиција со СДС ( тие тежат само 0,1 отсто на анкетите). Има таков народ би освоил 20,1 отсто од гласовите, БСП ( бугарските социјалисти ) 16,1 отсто, Демократска Бугарија ( партијата зад која стои екс премиерот Иван Костов ) 11,6 отсто, ДПС ( партијата на Турците ) 11,2 отсто итн.

Партијата на Красимир Каракачанов нема да го помине изборниот праг од четири отсто и таа во моментот ужива доверба од само 3,1 отсто од испитаниците. Се водат некои преговори за изборна коалиција меѓу ВМРО, Воља, Атака и други помали партии но исходот од тоа е неизвесен, а тие вкупно би тежеле едвај пет отсто според оваа анкета. Втор лош резултат во рок од три месеци и невлегувањето во Собранието за ВМРО и Каракачанов ќе бидат тежок пораз за него и неговата антимакедонска политика.