Нападот се случи додека Меркел ги хранеше птиците во паркот, а по нападот таа не сакаше веќе да помилува ниту една друга птица.

Германската канцеларка во заминување Ангела Меркел го посети паркот на птици во Марлоу, во својот поранешен избирачки регион Грајфсвалд, а болниот израз на нејзиното лице го обиколи целиот свет.

Таа позираше пред камерите хранејќи ги папагалите, од кои еден австралиски Лорис слета на нејзината глава.

Меѓутоа, додека се фотографираше, еден од папагалите и ја касна раката, а фотографите можеа да фатат одличен кадар кога таа извика со болен поглед.

Иако Меркел не му се налути на папагалот кој ја нападна, таа по случката не сакаше да се доближува премногу до останатите птици.

Кога и беше понудено да го помилува еден був таа тоа го одби.

Не би сакала, мислам дека бев доволно добра кон помалите птици, изјави таа.

Инаку, за време на посетата таа им порача на сите нејзини поранешни гласачи и подржувачи од овој изборен реон дека и било чест што ги преставувала.

Во недела, во Германија, се одржуваат парламентарни избори, завршува ерата на канцеларката Меркел која на таа функција беше од ноември 2005 година се до денес.