Божа Спасиќ, поранешен аген на сојузната служба за државна безбедност рече дека Хашим Тачи бил предмет на неговото следење. Исто како и многу други политичари од Косово и Македонија.

Работев во Службата за државна безбедност и ја следев активноста на албанската миграција. Хашим Тачи е швајцарски студент, преку Швајцарската комунистичка партија, која имаше тројца Швајцарци и 33.000 Албанци, тој доби азил во таа земја.

За да добијат азил, сите тие се запишаа во таа партија – рече Спасиќ, во чии раце е извештајот на германската разузнавачка служба БНД. И познатите Ибар, Вујко, Мама и Стрелец беа членови на таа Комунистичка партија на Швајцарија.

Можам да кажам дека и Али Ахмети да добие азил беше член на Комунистичката партија на Швајцарија. Тие сепак беа марксисти ленинисти, вели Спасиќ. Сите нив ги има во извештајот на БНД, вели тој.

Спасиќ истакна дека името на Хашим Тачи се споменува многу пати во тој извештај.

Извештајот содржи анализа на криминалот и активностите во Косово и во западна Македонија. Хашим Тачи се споменува на дури 33 места во овој извештај, што само потврдува колку е важно тоа име во проектот за мафијата, криминал и трговија со човечки органи.

Божа Спасиќ наведува дека целата акција на кражба на органи била добро организирана.

Болниците каде беа трансплантирани органи беа на бродови. Хеликоптерите слетуваа на скапи јахти. Тука се одвиваа најскапите операции. Беше како самопослуга на органи, можевте само да нарачате орган и веднаш ќе ви го донесеа.

Парите биле уплаќани на сметките на Тачи и Харадинај. Во 94 или 95 година, еден Германец дојде кај мене и донесе „Шевролет“, кој рече дека ќе го замени за орган. Подоцна дознав дека добил бубрег во Германија добиен од Косово, вели Спасиќ.