За нашиот фудбалер се интересирале Бенфика, Лидс, двете Борусии и Лајпциг.

Италијанскиот новинар Чиро Венерато кој се смета за трансфер експерт во националната телевизија РАИ, во едно интервју за локално неаполско радио, со откри дека не само Бенфика, туку и други клубови се интересираат за Елиф Елмас, но Наполи одбивал понуди и од 25 милиони евра за Македонецот.

„На Елмас му е добро во Наполи. Ми рекоа дека Бенфика, Лидс, двете Борусии и Лајпциг, нуделе и 25 милиони за Елмас, но спортскиот директор ги одбиваше, не сака да преговара, смета дека Елмас е иднината на клубот. Во Наполи веруваат во него, клубот нема никаква намера да го продаде“ – вели Венерато.