Ова е втор пат Абе да си поднесе оставка на премиер, повикувајќи се на здравствени причини.

Тој рече дека не сака неговата болест да застане на патот на неговите одлуки и се извини на јапонскиот народ што не го заврши мандатот, пренесува Би-Би-Си.

Абе со години се бореше со воспаление на цревата, но неговото здравје неодамна се влоши.

Шинзо Абе за прв пат ја презеде функцијата премиер во 2006 година како најмлад премиер во Јапонија, но само една година по стапувањето на должноста, под притисок од политички скандали, тој реши да си даде оставка, повикувајќи се на здравствени причини.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *