Соединетите Американски Држави постигнаа договор за откупување на речиси целата светска залиха на лек за кој е докажано дека помага во лекувањето на COVID-19.

Во клиничките истражувања спроведени во Велика Британија и неколку други земји, беше докажано дека „ремдесивир“ го намалува времето на хоспитализација кај тешко болните пациенти со COVID-19.

Ова е еден од само два лека кои се докажано ефикасни како терапија за коронавирусот.

„Ремдесивир“ спаѓа во групата лекови познати како „нуклеотидни аналози“, кои се користат за лекување рак, вируси и разни инфекции.

Лекот го произведува американската фармацевтска компанија Gilead Sciences. Според првичните истражувања, го намалува времето на хоспитализација во случај на инфекција со новиот коронавирус за 31 процент во однос на плацебо групата.

Повеќе на темата, во прилогот на BBC.


Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *