Неименуван поранешен вработен во погоните на Мерцедес во Виторија (Шпанија) се погрижил неговите поранешни работодавци да имаат новогодишна ноќ која ќе сакаат што побрзо да ја заборават, затоа што им направил штета од 5 милиони евра.

Имено, во раните утрински часови на крајот на старата година, 38-годишникот возејќи багер дошол во фабриката (каде се произведуваат модели на патнички и товарни возила Mercedes Vito и V-Class) со намера да предизвика штета и хаос, што и му успеа.

Шпанскиот „ Ел Паис“ известува дека, откако ја пробил вратата на фабриката, тој пристигнал на паркингот каде демолирал педесетина нови нови комбиња кои чекале да бидат доставени до купувачите.

Чуварите немаа други методи за да го запрат поранешниот вработен освен да го смират со пукање во воздух, а потоа го задржаа сè додека не пристигна полицијата.

Иако нема официјални податоци за штетата, „Ел Паис“ објави дека станува збор за штета од најмалку 5 милиони евра. Неименувани извори од фабриката велат дека човекот скршил околу 50 возила, додека други тврдат дека бројот е многу поголем, околу 70.

Човекот работел во фабриката во 2016 и 2017 година, што би значело дека неговата акција во четвртокот на Нова Година е резултат на долгогодишно планирање. Тој украл багер од дворот на градежна компанија во Легутијан, а потоа возејќи го багерот стигнал во 21 километар оддалечената фабрика на Мерцедес.

Тој беше уапсен и ќе биде гонет за кражба и предизвикување материјална штета, а истрагата што е во тек го толкуваше ова дело како кампања за одмазда. Дали човекот бил отпуштен или нешто друго сè уште не е познато, со оглед на тоа што истрагата сè уште трае, но полицијата го потврди нападот.

Судејќи според фотографиите на „Дејли меил“ и видеото на Youtube од местото на настанот, поранешен вработен во фабриката направи вистински дар-мар со багерот.