Горан Петронијевиќ е адвокат од Белград. Бил шеф на тимот за одбрана на Радован Караџиќ во Хаг, а со своја помош учествувал и во тимовите за одбрана на Слободан Милошевиќ и Ратко Младиќ во Хашкиот трибунал. Тој беше на чело на тимот на генералот Веселин Шљиванчанин кој беше ослободен од Хашкиот трибунал во врска со обвинувањата против него во војната во Вуковар.

Петронијевиќ како Претседател на судот е последниот судија кој има осудено 141 припадник на УЧК за напади врз полицијата и војската во регионот на градот Ѓаковица.

Важи за одличен познавач на функционирањето на УЧК и сите афери, криминали и контроверзи поврзни со УЧК. Според трвдењето на Петронијевиќ првите војници на НАТО кои влегуваат на Косово се припадници на УЧК кои се облечени во униформи на НАТО.

Петронијевиќ ова го кажува во ексклузивното интервју за емисијата Во Центар која се емитува вечерва ( недела ) во 22 часот на youtube каналот Vasko Eftov.

Според Петронијевиќ, по потпишувањето на Кумановскиот договор, согласно кој војската на СР Југославија требаше да се повлече од Косово, а за возврат да прекине НАТО интервенцијата врз СР Југославија, во НАТО не веруваат дека Белград ќе го исполни договореното и очекуваат дека може да дојде до копнени конфликти меќу српската војска и полиција и силите на НАТО. За да не гинат НАТО војници комадата на НАТО во првиот налет на Косово испраќа околу 4.500 војници на УЧК кои се облечени во униформи на НАТО.

Токму тие борци на УЧК кои делуваат во униформи на НАТО учествуваат во најголем дел на убиства и криминали кои се направени на Косово и во околните држави, Македонија, Прешевската долина итн. Преку тие групи одат и трговијата со човечки органи, вели Петронијевиќ.

Затоа е сега тешко да им се суди на командатите на УЧК, како Хашим Тачи и шефот на тајната полиција на УЧК, Кадри Весели, бидејќи тие можат да кажат многу работи за врските на УЧК со НАТО.

Војната во 2001 година во Македонија е предизвикана од оваа структура на УЧК во НАТО униформи, објаснува Петронијевиќ. Дел од таа група од 4500 лица беше пензионирана, дел се сега т.н. спијачи и чекаат јавување кога да се активираат, дел се на Косово а дел од нив се дојдени и делуваат во Македонија.

Повеќе на оваа тема ќе можете да гледате во ексклузивното интервју на Горан Петронијевиќ за емисијата Во Центар, вечерва ( недела ) во 22 часот на youtube каналот Vasko Eftov.