Премиерот на Велика Британија беше во контакт со заразените

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон , кој се зарази со вирусот корона пред неколку месеци, беше ставен во самоизолација откако беше утврдено дека тој е во контакт со лице со дијагностициран ковид-19.

Според британските медиуми, Борис се чувствува добро и нема никакви симптоми.

Џонсон беше позитивен на коронавирусот во првиот бран, на крајот на март. Тој беше хоспитализиран на почетокот на април, но набрзо заврши на интензивна нега поради ненадејно влошување на неговата состојба.