Како во квизот Милионер кога имаш опција да побараш помош од пријател, Бугарија сака да ја искористи таа можност за да и ја свитка раката на Македонија и Макeдонците. Пријателот кој сака да го повика Бугарија се Албанија и Албанците.

Тоа е дел од емисијата Во Центар која се емитува вечерва ( недела ) во 22 часот на youtube каналот Vasko Eftov.

Со ветото, за кое сега тврдат дека не е вето, Бугарија не го блокираше само почетокот на преговорите на Македонија со ЕУ, туку ја блокираше и Албанија и официјална Тирана. Без дилеми тоа ќе предизвика нервоза во Албанија и тоа е картата на која играат Софија, Борисов и Каракачанов.

Преку Тирана ќе се врши притисок и врз Мала Речица и ДУИ, но и врз останатите албански партии во Македонија. Само ако ја направи Македонија нефункционална држава Бугарија има шанси да ја реалзира својата стратегија.

Така беше и 1999 година кога тогашната влада на Иван Костов не сакаше да прими дел од косовските бегалци во Македонија. Така беше и во 2001 година кога Бугарија не дозволи украинското оружје да помине преку нејзината територија.

Така и сега-Бугарија не сака да постои македонска држава и ќе игра на албанска карта да ја реализира таа стратегија.

Линк одцелата емисија: