Денес е ослободен бизнисменот од Никшиќ, Брано Мичуновиќ, пренесува „Вијести“.

Уште двајца негови соработници беа уапсени во полициската акција под сомнение за недозволено поседување оружје

Тројцата беа приведени на 6 јануари во Будва, откако полициските службеници пронајдоа два пиштола во нивното возило.

Според неофицијални информации, двајца мажи приведени за време на испрашувањето рекле дека оружјето им припаѓа, а еден нагласил дека пиштолите немаат никаква врска со Бранислав Мичуновиќ.

Ниту полицијата ниту обвинителството не се огласија официјално по тој повод.

Мичуновиќ во медиумите беше опишуван со децении како господар на црногорското подземје и беше поврзан со многу криминални активности, но ништо од тоа никогаш не е докажано.