Фотографиите од заедничкиот одмор на Карибите на бившите сопружници и миленици на светската јавност – Џенифер Анистон и Бред Пит – повторно се појавија во магазинот „Нова идеја“, кој тврди дека се направени на островите Турк и Каикос, каде што Бред славеше Новата година. Ова, сметаат тие, е доказ дека Џенифер и тој ја обновиле љубовната врска.

Имено, холивудскиот актер нвогодишните празници ги поминал во Каикосите, иако американските медиуми објавија дека тој бил таму во друштво на својот пријател Флеа, член на групата „Ред хот чили пеперс“ и неговата сопруга Мелоди Ешани.

Тие се забавуваа заедно нуркајќи, а наскоро им се придружи и Џенифер. Притоа, таа се обиде да биде што е можно понезабележителна и слета на островот со приватен авион“, открил доброупатен извор за споменатиот магазин.

И таа и Бред даваат се’ од себе да скријат дека се во врска. Овој празник за нив беше како уште еден меден месец“, се пошегува „инсајдерот“ и додаде дека „Џен сака да си игра криенка со јавноста па затоа речиси никому не кажала дека Бред ја запросил за време на Божиќ.“