Се прогласи црвен метеоролошки аларм за Истра, Далмација и островите.

Се предвидува бурен ветер, на некои места ураган јужен ветер со удари до 130 километри на час, претежно на отворено море.

Со вакви удари од југ, DHMZ предвидува бранови на отворено од четири до шест метри.

Бранови до пет метри се очекуваат на крајбрежјето. Се очекува и пороен дожд.

Метереолозите предвидуваат екстремни врнежи од дожд. Ова се однесува особено на областа Истра. На некои места може да врне колку што паѓа за еден месец за неколку часа, така што постои можност за поплави и порој.