Веста дека српскиот музичар Горан Бреговиќ ќе биде специјален гостин на овогодинешниот фестивал на пивото во Корча, во Албанија, некои косовски портали ја пренесоа со опис на Бреговиќ како „инспиратор на масакрите на Косово“.

Имено, информацијата дека српскиот музичар ќе учествува на албанскиот фестивал, што ја потврдија организаторите на тој настан, прво ја објави ABC News, објавувајќи дека ноќта кога ќе пее Бреговиќ ќе биде врвот на прославата.

Како што пишува овој албански портал, токму настапот на Бреговиќ на познатиот фестивал на пивото во Корча, организаторот посебно го претстави и му даде значење.

Освен албански уметници, ди-џеи и најпопуларните музички групи во Албанија, атмосферата ќе кулминира во последните вечери со настапот на пејачот Горан Бреговиќ, се вели во соопштението на организаторите, пренесува abcnews.al.

Неколку косовски портали ја пренесоа веста на албански јазик, но со наслов: „Некогаш инспирација за масакрите во Косово, српскиот пејач поканет на фестивалот на пивото Корча“, потсетувајќи и на настапот на Бреговиќ во Тирана во 2014 година, кога тогашниот градоначалник на Тирана, и актуелниот премиер Еди Рама, му ги додели клучевите на градот.

Меѓутоа, во исто време, тие додаваат – иако тоа го нема во оригиналната вест на порталот, и со потпис на истата албанска медиумска агенција, дека токму Бреговиќ станал „инспирација за масакрите на Косово“ со неговата музика.

Потсетуваме дека Бреговиќ стана инспирација на српските митови, инспиратор за масакрите во Косово, посебно со песната калашников, објавија Газета експрес, Индекс Онлајн и Бота Сот.


One thought on “Бреговиќ со “калашников” главна звезда во Албанија. Косовските медиуми бесни. Тој беше инспиратор на масакрите на Косово и српските митови”

Comments are closed.